Video Transcript

Видео за IBAC на Македонски

Кога ќе се случи корупција во јавниот
сектор тоа ни штети на сите нам.

Корупцијата ги троши нашите даноци.

кои треба да се користат за функционирање
и одржување на

викториските училишта, болници,
патишта и други значајни јавни служби и проекти.

Викториската заедница очекува јавниот сектор,
државната владата,

вработените во локалната општина
и полициските службеници

да се однесуваат соодветно и да ги користат
јавните пари и имот одговорно

за доброто на сите нас.

Очекуваме од нив да бидат чесни,

да не бидат под влијание на лични интереси, алчност

или да се вклучуваат во криминално однесување.

Ние очекуваме нашиот јавен сектор
да биде слободен од корупција.

IBAC е викториската независна
анти-корупциска агенција.

IBAC се справува со сериозна корупција и злоупотреба

во државните владини оддели и агенции,

викториската полиција,
општинските вработени лица и советници,

членови на парламентот, судии и мировни судии.

Кога нешто не е во ред во викторискиот јавен сектор,

IBAC им дава на сите можност
да сторат нешто околу тоа.

Корупција и злоупотреба во викторискиот
јавен сектор може да се појави во многу форми,

како на пример земање и нудење на поткуп,

нечесно користење на влијателна позиција,

вршење на измама или кражба,

злоупотреба на информации од работното место

или планирање на било какви корупциски активности.

Во склоп на викториската полиција,

сериозна злоупотреба и корупција
исто така може да вклучува

злоупотреба на полициска моќ,

како на пример напад или прекумерна
употреба на сила,

оддржување на несоодветни врски

или откривање на полициски информации
на организирани криминални групи.

Меѓутоа, IBAC неможе да истражува
пријави од други држави и територии,

било какви сојузни прашања или било
што во приватниот сектор

освен ако тоа се однесува на вработен
во викторискиот јавен сектор;

и IBAC не покрива неучтиво однесување
или лоша корисничка услуга.

Дали сте виделе нешто?

Дали се сомневате на корупција?

Тогаш сторете нешто во врска со тоа.

Дознајте како можете да пријавите корупција

посетувајќи ја нашата интернет страница
или јавувајќи се на 1300 735 135.

Кога ќе стапите во контакт со IBAC,

ние ќе ја процениме информацијата
која ја овозможивте за корупција

за да одлучиме дали ќе го пренасочиме,
отфрлиме или ќе го истражуваме случајот.

IBAC е одговорна за откривање,
спречување или истражување

на сериозни корупции и злоупотреби во
јавниот сектор и викториската полиција,

но зависи од сите да проговорат кога нешто не е во ред.

Со ваша помош,

ќе продолжиме да го зајакнуваме интегритетот
и отпорот против корупција на јавниот сектор

и да се осигураме дека државните пари и приходи

се користат за да се овозможат услуги и проекти
кои ги очекува викториската заедница.

За повеќе информации посетете ја
www.ibac.vic.gov.au

Или јавете се на 1300 735 135.